Путин: Лично го избрав Сочи за олимписките игри

 

Владимир Путин или актуелниот руски претседател изјави дека тој лично го избрал местото за одржување на зимската Олимпијада во Сочи.

“Мене ми е особено пријатно да видам што се случува тука, бидејќи јас лично го одбрав ова место. Во 2001 или 2002 година јас пристигнав тука, излеговме на една река и реков: “Дајте да почнеме оттука”, “изјави Владимир Путин во филмот “Филозофија на мекиот пат”.

Целиот филм “Филозофија на мекиот пат” ќе биде прикажан на 7 февруари по церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри во Сочи.

03.02.2014 - 13:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега