Даниел Кајмакоски: Ме унапредија на работа но морав да и се вратам на музиката
Даниел Кајмакоски, нашиот учесник на Икс-Фактор, кој сите ги воодушеви како со раскошниот талент така и со скромноста, во изјава за Српскиот Курир, вели дека работел на градилиште, но дека е роден со музиката во себе.
- Работев на градилиште, но многу ја сакам музиката. Мојот татко свири на хармоника и пее народни песни. Малку знам да свирам на гитара, свирам на клавир и пеам,вели Даниел.
Тој додава и дека иако му одела добро работата на градилиште и таму стекнал добри пријатели, а во еден момент бил и унапреден, сепак музиката е она што тој отсекогаш го сакал...
Околу тоа кој мисли дека е фаворит на шоуто вели дека сите имаат и добри и лоши денови, но сите се дел од шоуто и можат да се мерат со светските ѕвезди.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа