Лекарите на Шумахер: Отварањето на очите е многу добар знак

 

Болницата каде се наоѓа Михаил Шумахер, велат дека отварањето на очите е многу добар знак.

Лекарите од болницата велат дека седумкратниот шампион во Формула 1 добро реагирал на будењето од вештачката кома вештачката кома во која е веќе еден месец. Лекарите му ја намалиле дозата на седативи кои ги прима, но најдобриот знак е токму отварањето на очите, иако траело многу кратко.

Засега лекарите не сакаат да даваат никакви прогнози за состојбата на легендарниот возач иако засега позитивно реагира на сите тестирања.

Ако пациентот се разбуди, лекарите ќе ги испитаат неговите рефлекси, а потоа ќе можат да даваат прогнози, велат од болницата.

За потсетување, Шумахер веќе еден месец е во кома откако доживеа несреќа за време на скијањето на француските Алпи.

31.01.2014 - 15:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега