„Го пишувам писмото а солзите сами ми течат по лицето“ - полицаец напишал трогателно писмо за своето куче
Полицаецот Кристофер Косика ги трогна сите корисници на интернетот со писмото упатено на своето покојно полициско куче Данте.
Тој на Фејсбук страницата на сојузната полиција во Масачусец, објави писмо кое го напишал пред да го однесе Данте на успивање.
Со својот верен пријател и соработник поминале заедно девет години. Данте во својата полициска кариера, помагал при пронаоѓање на килограми кокаин и хероин, а заслужен е и за пронаоѓањето на еден осомничен за убиство.
Кучето се разболело од плуќна хипертензија и како резултат на оваа болест, тој почна да добива напади и крварења па Косика сфатил дека мора да стави крај на неговите маки и да го успие.
"Седам овде и ја пишувам оваа посмртница на паркингот, две милји оддалечена од нашето последно одредиште. Ова го пишувам од срце, а солзите сами ми се слеваат по моето лице.
Данте седи исправено и ме гледа додека пишувам за него и со секое негово помрднување на главата низ кафезот ме уверува дека се ќе биде во ред", напиша Косика во неговото писмо.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа