На пет години го родила своето прво дете!

 

Во 1938 година една Перуанка го замолила докторот од нејзината петгодишна ќерка Лина Медина да ги извади сите демони и лоши духови.

Никој неможел ни да претпостави дека петгодишното девојче во стомакот носи бебе. 

Таа станала мајка на свои 5 години 7 месеци и 17 дена.

Нејзиниот син Хераардо Медина живеел 40 години, починал 1979 година од болест на коскената срж.

Тој најпрвин мислел дека Лина е негова сестра, но кога наполнил 10 години ја дознал вистината дека всушност таа е негова мајка .

Лина првата менструација ја добила во осмиот месец од нејзиниот живот, а нејзиното полово созревање се одвивали многу брзо. Со 4 години веќе имала исформирани гради, а на 5 коски као тинејџерка.

Името на таткото на нејзиното дете и околностите под кои останала трудна никогаш не ги открила. Нејзиниот татко е уапсен поради сомнеж дека сексуално ја злоупотребувал, но подоцна е ослободен поради недостаток на докази. Медина на

17 години се омажила за Раул Хурада со кој добила уште еден син.

Таа со децении одбива да разговара со љубопитните новинари. Лина Медина денеска има 80 години.

30.01.2014 - 10:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега