Ученик прво ја силувал а потоа ја убил својата професорка

Вистински хорор го потресе Масачусетс. 15-годишен ученик по име Филип Крисм, ја силувал својата 24-годишна професорка, а потоа ја убил.

Според податоците од светските медиуми, тинејџерот од Америка ја силувал својата професорка по математика, Колин Ритсер, а потоа и ја усмртил, а за настанот да биде уште поужасен, полицијата се сомнева дека сето тоа го снимал со својот мобилен телефон. Недалеку од местото на злосторството, полицијата го пронашла телефонот на убиецот, кој тој самиот го уништил, за да нема докази за грозоморниот настан, а бил пронајден и Ајфонот на жртвата.

Момчето е приведено, а засега не се знае дали постоело нетрпение меѓу ученикот и професорката. Тој го признал убиството, но не и силувањето. 

Засега не се знае кој бил мотивот за убиството.

 

28.01.2014 - 14:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега