Ристовски: Како човек татко и министер ќе продолжам да се борам за регистар за педофилите

 

Не гледам зошто како родител, човек, министер јас треба да се правдам зошто сакам да ги заштитам децата од педофилите и да барам поништување на одлуката на уставен Суд, изјави денеска министерот Спиро Ристовски.

-  Јас сум загрижен за безбедноста на децата и ќе продолжам да се борам по однос на задржување на сите одредби на законот и во тој дел не сметам дека е направен линч на никого, најмалку на уставните судии, едноставно е изнесен став по однос на состојбите кои што произлегоа после прифаќањето на иницијативата од страна на Уставниот суд, иницијатива на пет педофили. Јас и кога го најавив и кога го усвоивме законот за посебен регистар на лица осудени за сексуална злоупотреба на деца и педофилија кажав ако има минимум политичка одговорност или максимум политичка одговорност јас сум спремен истата да ја понесам, ако со ваквиот закон успееме да заштитиме живот на едно дете јас сум спремен да ја поднесам целокупната политичка одговорност за донесување на ваквиот закон,“ истакна Ристовски.

- “Изминатите неколку денови сме сведоци на реакции на целокупната јавност по однос на прифаќањето на иницијативата од страна на Уставниот суд. Воопшто не се позитивни реакциите од она што го следиме сите. Станува збор за искличително негативни реакции од целокупната јавност, од експертската, но за мене многу поголем аргумент е реакцијата на целокупната јавност, на родителите, на психолозите и на стручната јавност во целост“, додава Ристовски. 

ФОТО: МИА

најчитано сега