Денис Родман ќе се лечи од зависнот од алкохол

Денис Родман, кој беше многу критикуван поради неодамнешното патување во Северна Кореја, каде присуствуваше на празнувањето на роденденот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, се пријави во специјализирана клиника заради лекување на зависноста од алкохол. 

Неговиот агент Дарен Прајс изјави дека Родман минал поголем дел од неделата во центарот за детоксификација. 

- Тој стигна до толку високо ниво на алкохол во крвта, кое никој од нас досега не го видел. Кога се врати од Северна Кореја зборував со него за тоа прашање и му кажав дека сум загрижен за него, рече Прајс. 

Според него Родман ќе остане во клиниката околу 30 дена.

19.01.2014 - 12:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега