Обама изјави дека ќе продолжат да ги шпионираат странските влади

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека разузнавачките служби на САД ќе продолжат да ги шпионираат странските влади.

Тој наводно го стопирал шпионирањето на лидерите на пријателските земји и додаде дека нема да дозволи оваа програма да ги наруши неговите односи со германскиот канцелар Ангела Меркел.

„Нашите разузнавачки агенции, како и германските разузнавачки агенции и натаму ќе бидат заинтересирани за намерите на владите ширум светот. Тоа нема да се измени. И нема смисла разузнавачките служби да постојат, доколку сте ограничени на темите, за кои можете да прочитате во „Њујорк тајмс“ и „Шпигел“, истакна Обама.

Американскиот претседател изјави дека нема да дозволи шпионирањето да го расипе неговиот пријателски и доверлив однос со Меркел.

„Не сакам да го доведам во опасност тој однос со примената на механизмот на надзор и тој на каков било начин да ги загрози видот на комуникацијата и довербата, која ја имаме еден во друг. Тоа што можам јас да го кажам е: Се додека јас сум претседател на САД, германскиот канцелар нема да мора да се грижи за тоа“, рече Обама.

 

Односите меѓу Берлин и Вашингтон се влошија по откритијта на поранешниот разузнавач Едвард Сноуден дека американската Агенција за национална безбедност ги прислушувала мобилните телефони и ги следела електронските пораки на американските граѓани, но и на лица од странство, како и на странски државници, меѓу кои и Меркел.

19.01.2014 - 10:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега