Обрван: Извини Македонијо

Премногу слабо ја отворивме средбата, без потребниот ритам и со голем број промашени зицери, изјави македонскиот селектор Ивица Обрван по поразот од Унгарците.

- Ваквиот развој на настаните придонесе Унгарците лесно да стигнат до предност уште во првото полувреме и предвреме да си ја осигураа победата. Во вториот дел игравме подобро, но беше невозможно да се вратиш од седум гола негатива против ривал како што е Унгарија. Ова треба што поскоро да го заборавиме, да свртиме нов лист и против Исланд да се покажеме во далеку подобро светло. Во името на играчите му се извинувам на македонскиот народ, не толку за поразот, колку за пристапот во играта во второто полувреме“ – истакна селекторот Обрван, пренесува ЕКИПА.

 

 

18.01.2014 - 22:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа