Легализирани 2.300 дивоградби во Илинден
Од 6.170 барања за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти во општина Илинден, досега се издадени околу 2.300 решенија и согласности.
Граѓаните што не ја комплетирале потребната документација, информира општина Илинден, тоа треба да го сторат најдоцна до јуни следната година.
Во Илинден се организираа повеќе трибини кои беа масовно посетени од граѓаните.