Бред Пит и Анџелина ќе посвојуваат уште едно дете

Актерскиот пар Бред Пит и Анџелина Џоли кои веќе имаат шест деца од кои три се посвоени , повторно се отворени кон идејата за уште едно посвојување .

Бред и Анџелина прво сакале да посвојат девојче од Јордан, но поради проблеми со постапката за посвојување, сепак се решиле да посвојат уште едно девојче од Етиопија од каде што е и нивната најстара ќерка Захара.

 Пит и Џоли ја финансираат изградбата на клиника за болни од СИДА во Етиопија. Тие се очекува да допатуваат во земјата во април, кога ќе се состанат и со раководителите од сиропиталиштата за напуштени деца. 

 

16.01.2014 - 10:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега