Провалиле, кршеле и пребарувале но џабе - натрапници со празни џебови си заминаа од црква во Галичник

Непознати сторители, во периодот меѓу 6 и 7 јануари провалиле во црквата „Свети Петар и Павле“ во мијачкото село Галичник, но немале среќа па си заминале со празни раце.

Според информациите на тетовската полиција, случајот го пријавил скопјанецот А.Н. (57), кој тие денови претстојувал во селото. Истрагата покажала дека натрапниците влегле во црквата, кршејќи го катанецот и бравата на влезната врата, а потоа ги разбиле  кутиите во кои верниците оставаат подароци и олтарот на црквата.

Полицијата во моментов истражува по што трагале провалниците.

Во регионите на Мала и Голема река, изминатата година беа регистрирани петнасетина кражби во верски објекти. Најмногу настрадаа црквите во Лазарополе, Сенце, Росоки и Тресонче од каде беа украдени преку сто икони. Полицијата трага по сторителите.

08.01.2014 - 11:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега