Тевез и Фалкао пред трансфер во Монако
Како први засилувања за повратникот во Лига 1, тимот на Монако, француските медиуми ги најавуваат Карлос Тевез и Радамел Фалкао.
Извори од клубот пренеле информација дека трансферот на Тевез од Манчестер Сити е речиси завршена работа, додека со Фалкао преговорите се во тек, шансите тој да потпише за Монако се големи, но останува да се види дали ѕвездата на Атлетико Мадрид за соодветна оштета ќе биде ослобеден од клубот или ќе се чека подобра понуда.
Интерес за Колумбиецот Фалкао покажуваат и други европски клубови, а во текот на вчерашниот ден голем број медиуми објавија вест дека тој веќе потпишал за Монако.
Како главна пречка за преселба на Фалкао од Мадрид во Монте Карло се наведува големата оштета што ја бара Атлетико која изнесува 60 милиони евра.
Освен овие двајца фудбалери, следни на листата на желби за засилувања на Монако се Жоао Мутињо од Порто и Џереми Менез од ПСЖ.