На Пол Вокер сите коски му биле скршени - нови детали за смртта на актерот
Обдукцијата на актерот на Брзи и бесни, Пол Вокер, покажа дека тој целосно изгорел во автомобилот и дека сите коски му биле скршени.
На телото на актерот биле скршени сите коски, а тој изгорел до непрепознатливост од експлозијата која следувала по ударот. Неговото тело беше пронајдено на совозачкото место во одбранбен став што покажува дека се обидел некако да се заштити. Десниот рачен зглоб му бил напукнат, леата рака скршена. Имал скршеници на речиси секоја коска, вилицата, ребрата, како и фрактура на главата.
Во телата на Пол Вокер и неговиот пријател кој го управувал автомобилот не се пронајдени алкохол ниту дрога.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа