Прекин на железничкиот сообраќај Скопје-Велес

Во текот на денешниот ден нема да сообраќаат возовите од Скопје кон Велес и обратно од Велес кон Скопје. За таа цел на патниците кои ќе ги користат услугите на возовите 613 (Скопје – Гевгелија), 643 (Скопје – Битола), 651 (Скопје – Кочани) ќе им се обезбеди трансфер со автобус од Скопје (Транспортен центар) до Велес откаде ќе го продолжат патувањето со воз.

 Во исто време корисниците на услугите од возовите 650 (Кочани – Скопје), 632 (Гевгелија – Скопје) и 642 (Битола – Скопје) со автобуси ќе бидат префрлени од Железничка станица Велес до Скопје.

 Исто така, воопшто нема да сообраќа возот 2083 и 2082 кој вози на релацијата Скопје – Велес – Скопје.

04.01.2014 - 10:58
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега