Утре ќе нема струја цел ден: ЕВН најави исклучувања во повеќе скопски општини
Без електрична енергија утре од 5:00 до 15:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Крсте Асенов“ и дел од булеварот „Христијан Тодоровски - Карпош“ во Општина Чаир.
Во периодот од 8:00 до 13:00 часот утре без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Востаничка“, во близина и од страната на маркетот „Рептил“ во Општина Кисела Вода.
Без струја утре од 8:00 до 14:00 часот ќе бидат корисниците од улицата „3“ во село Никиштани, Општина Ѓорче Петров, а од 8:15 до 14:00 часот дел од корисниците од село Кондово, општина Сарај.
Од 8:40 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „100“ и „101“ во Волково, кај кружниот тек, од 11:00 до 13:00 часот корисниците од Миладиновци, а од 12:00 до 14:30 часот дел од корисниците од Визбегово, кај Мармарис.
Како што соопшти РЦУК - Скопје, прекините се поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа