Денеска е Св. великомаченица Анастасија - за многу години

Зборот маченик е превод на грчкиот мартис, што значи сведок. Значи, мачениците се сведоци, кои со својот чудесен живот сведочат за една божествена стварност што им е достапна на луѓето. А тие што со животот покажале посебно све­доштво за распнатиот и воскреснат Христос, Црквата ги нарекува великомаченици. Таква беше оваа света Анастасија, по потекло римјанка од виден род. Таа ги поднесе сите неприли­ки со својот маж, незнабожец, ја поднесе тежината на затво­рот и во сето тоа не престана да ги помага затворениците и сите што се наоѓаа во некоја мака. Заради таа своја вина од римските управници свети Анастасија беше наградена со смрт, а од Христа со живот во неговите вечни живеалишта. Свети Анастасија пострада во 290 година.

04.01.2014 - 10:14
Фото: 
здраво.ком.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега