Облаци и студ - без снег првото утро во новата година

Времето за новогодишната ноќ ќе биде облачно, а по котлините магливо и претежно тивко. Утринската температура ќе се движи од минус три до четири, а во Скопје околу два степена.

Утре времето во Македонија ќе биде претежно облачно со магла по одделни котлини. Ќе дува и слаб ветер од југоисточен правец. Дневната температура ќе се движи од еден до осум степени.

Во Скопје температурата утре ќе достигне до четири степени. 

31.12.2013 - 15:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа