Инцидент во Романија: Таван се сруши врз глава на ученик
Алармантен инцидент се случил во полициско училиште во Романија, кога таванот од спалната соба се срушил врз ученик додека се подготвувал за спиење, пренесуваат медиумите во регионот.
Младиот човек не се здобил со сериозни повреди.
За овој настан извести синдикатот Европол, кој на својата Фејсбук страница објави видео на кое се гледа лошата состојба со инфраструктурата на институцијата.
Претставниците на синдикатот посочија дека реновирањето во училиштето е неквалитетно и го критикуваа ангажирањето на фирми кои имаат корист од јавните договори поддржани од политичарите.
„Реновирање за еднократна употреба во полициското училиште „Василе Ласкар“ во Кампина. Таванот падна врз главата на ученик додека се подготвуваше да спие. Проклетството на државните компании, кои добиваат јавни договори со поддршка од политичарите, нè следи насекаде “, се вели во описот на видеото.
„На студентите во иднина ќе им бидат обезбедени заштитни шлемови, за да се осигура дека неколкуте млади луѓе кои сè уште сакаат полициска кариера ќе дипломираат од образовните институции на полицијата здрави и фит“, се вели во пораката објавена на Интернет од Европол.
Инцидентот предизвика загриженост кај оние кои тврдат дека лошата инфраструктура може да ја загрози безбедноста на учениците, а од властите се очекува да преземат итни мерки за подобрување на ситуацијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа