Судијката Даниела Алексовска Стојановска го пуштила Васил на слобода
Возачот Васил Јованов, кој во средата вечерта ја усмрти младата Фросина Кулакова возејќи со 130 километри на час на булеварот Партизански одреди, минатата година бил ослободен од притвор за дело поврзано со неовластена трговија со наркотици. Иако во моментот бил полнолетен, судот пресудил да биде упатен во воспитно-поправен дом за малолетници. Пресудата, како што потврдуваат од Основниот кривичен суд Скопје, ја донела судијката Даниела Алексовска Стојановска, пишува порталот МКД.
– Судијката на 31 јули 2024 година му изрекла воспитна мерка – упатување во воспитно-поправен дом за малолетници, согласно Законот за правда на децата, при што ја укинала притворската мерка, овозможувајќи Јованов да се најде на слобода.
Судијката на јавноста и е позната по тоа што го водеше случајот Талир 2 во кој донесе пресуда триесетина штабови на ВМРО-ДПМНЕ вклучително и главното седиште во центарот на Скопје да се конфискуваат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа