Измамничка во Македонија: Земала 3.000 евра за посредништво за виза, па се криела
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.А.(43) Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Во јануари 2023, пријавената го довела во заблуда Е.О., дека ќе му помогне да добие виза за странска земја, за што добила 3.000 евра за посредништво, а потоа не можел да стапи во контакт со неа.
19.12.2024 - 22:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа