ВМРО-ДПМНЕ: СДС системски го уништија РЕК Битола

 


СДС кои, до пред шест месеци, седум години системски го уништуваа енергетскиот сектор, сега најдоа да зборуваат за проблеми кои навремено се детектирани и се работи на експресно решавање на проблемите, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Испадот да РЕК Битола од мрежата е директна последица на неправилното, несоодветно и криминално одржување на блоковите од страна на криминалните СДС и ДУИ.

Новото раководство во ЕСМ и РЕК Битола веднаш го детектираа проблемот и се работи на санирање и решавање на проблемите. Блоковите на РЕК Битола за брзо ќе бидат вратени во работен процес и приклучени на мрежа.

Ја потсетуваме јавноста дека ваквите проблеми во енергетскиот сектор се последица, исклучиво, на криминалното работење на СДС и ДУИ.

Тоа веќе го потврдуваат и надлежните институции кои покренаа и обвинение против првите лица на РЕК Битола за сторен криминал во вредност од шест и пол милиони евра.

И тоа не е единствениот криминал во енергетскиот сектор. Надлежните институции каде и да чепнат во енергетиката, особено во РЕК Битола ќе најдат криминал.

За време на седум годишниот период на нивно владеење, СДС и ДУИ преку криминалните шеми од епски размери, ЕСМ од профитабилно претпријатие го донесоа во состојба на загубар.

Затоа СДС, кои системски го уништија РЕК Битола и енергетскиот сектор, сега да не глумат лажна грижа. Новите раководства во сите енергетски претпријатија посветено работат на стабилизирање на енергетскиот сектор, а РЕК Битола за кратко време, веднаш по санирањето на проблемот, воедно наследен од претходно, ќе биде вратен во функција“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

20.12.2024 - 10:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега