По кратко затишје, трендот Супермен повторно актуелен: Две деца завршија на хирургија

 

Петнасетгодишна девојка со скршеница на два слабински пршлена е на болничко лекување во Универзитетска клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски“ во Скопје поради повреди предизвикани од новиот предизвик „Супермен“ на социјалната мрежа „Тик ток“, потврди за МИА в.д. директорот на болницата д-р Небојша Настов.

Викендот со повреди на зглобовите на рацете бил примен и ученик кој го прифатил овој предизвик. Директорот Настов вели дека овој предизвик може да остави и доживотни последици и зависи од ударот при падот.

– Викендов се претежно овие два нови случаја, иако имавме затишје во текот на претходната недела. Во едниот случај е повредено 13-годишно девојче со скршеници на двете подлактици. Во другиот случај има потешка повреда, 15-годишна пациентка е хоспитализирана со скршеница на два слабински пршлена. Хоспитализирана е само за опсервација, а понaтaму ќе продoлжи со конзервативен третман, изјави за МИА Настов.

Изминатиот период докторите и училиштата апелираа овој предизвик да не се практикува. Предизвикот е како група на ученици го отфрлаат од нивните раце ученикот кој по скокот треба да падне на нозе. Најчесто децата завршуваат со повреди на рацете, нозете и главата.

16.12.2024 - 19:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега