Се огласи Груевски: „Така треба да биде"
Поранешниот премиер Никола Груевски, на 30. април се огласи на социјалната мрежа Фејсбук и се осврна на употребата на дрога, пишувајќи дека не само трговците и дилерите, туку употребата на дрога треба да е кривично дело и за уживателите.
- Унгарскиот парламент со 144 гласови за, 20 против и 12 воздржани вчера усвои интересени измени на законот за дрогата со кој освен трговците и дилерите, кривична одговорност се предвидува и за оние кои ќе ја употребуваат. Уживателот на дрогата кога ќе биде откриен, сепак има една шанса како да одбегне кривична одговорност, а тоа е доколку го дојави на властите дилерот кој му ја продал дрогата, и под кои околности се случило тоа. Само така уживателот може да биде пренасочен.
Но, доколку во законска постапка се утврди дека уживателот на дрогата лажно го пријавил некој за дилер и лице кое му ја продало дрогата, тогаш му следува уште една кривична одговорност за лажно пријавување кривично дело. Корисникот на дрогата може да пренасочи само два пати. Шестмесечно пренасочување е можно само доколку некој биде ако станува збор за поседување или консумирање мала количина на дрога. Во случај на убиство доколку се открие дека убиецот конзумирал дрога пред да го изврши делото, тоа ќе се смета за отежнувачки фактор во судската постапка, што ќе значи до 5 години повеќе затвор и можност за доживотен затвор.
Истото ќе важи и за извршувањето физички напади. Максималната казна за полесни телесни повреди сега е 2 години затвор, а за тешки телесни повреди, 3 години. Во иднина, сторителот може да биде осуден на казна затвор до 3 години за лесна телесна повреда, а од 1 до 5 години затвор за тешка телесна повреда доколку е под дејство на дрога. Оваа логика важи и за други кривични дела направени под дејство на дрога. Казната изразена во години затвор е предвидено да е повисока, напиша тој.
- Исто така, со измените се намалија можностите за секој што извршил кривичното дело трговија со дрога, особено рецидивист, да има можност за условна слобода.
Оригиналниот закон беше дополнет со амандман што дозволува од сторителот на кривично дело поврзано со дрога да се бара да изврши репаративни работи од страна на дадена заедница или локална самоуправа. „За да се поправи штетата предизвикана на општеството како целина со извршување на кривично дело, осуденото лице го намирува својот долг кон општеството со извршување на репаративни работи за дадена заедница или локална самоуправа како дел од активноста за реинтеграција."
Друг нов елемент во усвоениот закон є тоа што полицијата може да ги направи недостапни сите „податоци објавени преку електронски комуникациски мрежи" што би можеле да се користат за набавка на дрога од странство. Во пракса, ова значи дека полицијата може да ги отстрани веб-страниците преку кои може да се нарача дрога во Унгарија, додава Груевски.
Вели полицијата може да притвори “лице кое е во состојба на опасност за себе или за другите или е беспомошно” максимум 72 часа, ако тоа е неопходно за животот, физичкиот интегритет, здравјето на засегнатото лице или за зачувување на јавната безбедност…
- На дилерите на дрога ќе им биде забранет влез во некои делови на земјата. Сите возила, имот, опрема и алатки што се користат при трговија со наркотици или нови психоактивни супстанции ќе бидат предмет на конфискација. Бизнисите што биле вклучени во трговија со дрога, производство на дрога или злоупотреба на супстанции што го менуваат умот може да бидат затворени до една година. Затворените продавници ќе мора да истакнат известување во кое ќе биде наведено затворањето и причината за тоа. Во иднина, лекарот мора да ги извести родителите ако малолетното дете користело дрога, а предвидено е употребата на нови психоактивни супстанци исто така да биде кривично дело. Владата на Унгарија неколку месеци претходно објави војна против дрогата и назначи комесар одговорен за искоренување на трговијата со дрога. Владата очекува со ова затегнување на законот да го намали бројот на лица кои употребуваат дрога. Исто така драстично се намалува можноста за условна казна за дилерите, особено рецидевистите. Дури и претходно важечката унгарска регулатива се сметаше за најригорозна во Европа, а со оваа измена на законот која беше најавена во фебруари тоа се засилува, а полициските рации се редат една по друга во последните недели.
Веројатно во иднина овие законски измени ќе ги следат и други пред сѐ конзервативни влади. А кога ќе се потсетам колку луѓе страдаат заради примањето дрога во едно општество, и уште повеќе недолжни лица кои случајно или не случајно се во нивната околина, би рекол: “И треба”!, вели тој.
- П.С. Во истиот ден се усвои и закон со кој се забранува продавање или сервирање на енергетски пијалоци за малолетници во Унгарија. Законот е потребен бидејќи потрошувачката на енергетски пијалоци кај младите луѓе во Унгарија сега достигна загрижувачки размери. Според едно истражување, 78 проценти од нив консумираат енергетски пијалоци, а едно од пет деца на возраст од 10 до 14 години редовно консумира енергетски пијалоци за појадок. Целта на регулативата е да се заштитат младите од штетните ефекти од прекумерната консумација на енергетски пијалоци. Законот го подржаа сите парламентарни групи и независните пратеници. Слични закони имаат уште 4 земји во Европа.
Познато е исто така дека Унгарија припаѓа во групата на земји кои имаат најстроги закони поврзани со алкохолот и во земјата има нула толеранција за присуство на алкохол кај возачи. Секое присуство на алкохол до 0,5 g/l се казнува парично и се губат поени, согласно висината на присуството на алкохолот, а над 0,5 предвидена е кривична одговорност и затворска казна, што значително го намали користењтто алкохол кај возачите со 32% намалување на смртните последици поврзани со алкохол во 2020 и 2021 и 15% намалување на вкупните сообраќајни незгоди во тој период.
Се планира зголемување на бројот на рутински контроли до 300 на 1000 жители (од сегашните 185). Забрането е користење алкохол на јавни површини (паркови, улици и сл.), освен во лиценцирани трговски објекти и секако млади под 18 години ниту можат да купат алкохол, ниту да консумираат освен оние од 16 до 18 години под надѕор на родител во домот можат да консумираат само вино и пиво како полесен алкохол.
Со сите овие законски прописи се штити здравјето и животите на козумерите, а во делот на дрогата и алкохолот и на луѓето во околината и недолжни граѓани, напиша тој.
02.05.2025 - 09:03
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа