Трагедија во Македонија: Пронајден мртов маж
Потрагата по маж од Пробиштип кој бил пријавен за исчезнат, за жал заврши трагино откако вчера за Први Мај, бил пронајден мртов.
ЦУК информира дека К.П. од Пробиштип кој пред неколку денови беше пријавен дека исчезнал, околу 21:30 часот бил пронајден починат.
Според првичните информации, лицето е починато од природна смрт, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Благој Стојанов од Пробиштип го пријавил К.П. од Пробиштип како исчезнато лице. Додека двајцата заедно биле на риболов на Злетовска Река во атарот на село Жиганци, К.П. исчезнал и му се изгубила трага.
02.05.2025 - 08:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа