Ковачки: Мицкоски во клучен момент подаде рака за постигнување договор за Македонија, од СДС нека размислат

 


ВМРО-ДПМНЕ многу јасно и недвосмислено подава рака за национално обединување и иницира подготовка на стратегија за државата до 2050 година, изјави на денешната прес-конференција Драган Ковачки, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Приоритетот интеграција на Македонија во ЕУ е јасен, но на патот до негово исполнување треба да реализираме многу работи, да бидеме подобри, подобри пред се за нас. За тоа да се реализира ни треба јасна стратегија како да стигнеме до целта, рече Ковачки.

„Претседателот Христијан Мицкоски јасно кажува дека треба да се дефинираат приоритетите за развој на државата и тоа во повеќе области и да се одговори на повеќе предизвици, како демографски, економски, земјоделски, енергетски, транспортни и слично.

Ги повикуваме СДС повторно да размислат и покрај нивното првично негодување за обединување околу една стратегија со помош на умовите од академската заедница.


СДС мора да ја надмине кратколгледоста. СДС мора да прекине да мисли на интереси на поединци од партијата и на партиските интереси.

Седум години ја запоставија Македонија, која не само што стагнираше, туку и назадуваше во одредени области“, нагласи Ковачки.

Ковачки потенцираше дека СДС мора да ги сфати зборовите на претседателот Мицкоски кој на 23 октомври во средата кажа цитирам „ова е суштински период верувајте. ова е период од кој ќе се знае ќе не биде или не, знам дека звучи драматично, некому можеби ќе му звучи и патетично, но дали знаете дека ако сакаме да успееме, немаме избор освен да соработуваме и тоа мора да почне веднаш и сега“, затворен цитат.

„Ако им треба време нека размислат уште малку, нека не брзаат, за момент кога ќе размислуваат на оваа тема за обединување нека заборават на личните и партиски интереси.

Повторувам, од СДС нека се обидат да ги остават зад себе личните и партиски желби,  нека го направат тоа за граѓаните, за државата, за подобро утре за сите.

Претседателот Мицкоски конструктивно, во клучен момент подаде рака и ги покани сите заедно да постигнеме договор за Македонија! На потег е опозицијата, на потег е СДС, нека не размислува дневно политички, нека се преиспита. На потег е и академската заедница!“, посочи Ковачки.

25.10.2024 - 11:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега