Николовски: Зајакнување на односите со инвеститорите клучно за зголемување на економската конкурентност и вработеноста во државата

 


Воспоставување на редовна комуникација и соработка со странските инвеститори со цел нивно запознавање со царинските постапки, вклучително постапките со економски ефект и поедноставените постапки е од големо значење за побрзо отпочнување на планираните инвестиции во државата. Оттука Царинската управа посветува големо внимание на негување цврсти односи со бизнис заедницата со цел зголемување на инвестициите и вработеноста во државата. Ова го истакна директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, на средбата со менаџментот на Јилдирим групацијата (Yildirim Group of Companies) и управниот партнер во PwC РС Македонија, Мирослав Марчев.

Генералниот менаџер за Балканот, Џемил Ачар, како претставник на групацијата којашто годинава се стекна со сопственост врз имотот на Еуроникел Кавадарци, истакна дека фабриката ќе се рестартира под името „Голден Игл Никел“ и оти веќе започнале со организација и реструктуирање со цел да може да се рестартира производството во фабриката за фероникел во Кавадарци со потенцијално вработување на 800 лица од кавадаречкиот регион. Тој на состанокот ги презентираше нивните краткорочни и среднорочни планови за зајакнување на нивното присуство на македонскиот пазар.

25.10.2024 - 10:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега