Полицијата влезе во домот на крушевчанец - пронајдено оружје

 

Денеска со судска наредба, полициски службеници од СВР Битола во с.Свето Митрани, крушевско, извршиле претрес во куќа сопственост на Г. Б.(38) од с.Свето Митрани. 

При претресот биле пронајдени и одземени пушка, пиштол, две рамки за пиштол и куршуми за пиштол.

По целосно документирање на настанот, против Г.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

24.10.2024 - 16:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега