Трајчулески: Разочарувањето на Мицкоски е добра вест за СДСМ
Разочараноста на Мицкоски, по однос на она што се случуваше на Конгресот на СДСМ, може да биде само добра вест за СДСМ, рече пратеникот Митко Трајчулески во 24 анализа на ТВ 24.
-Имавме Конгрес, баш како што личи на СДСМ, со многу позитивна енергија, со присуство на 86% од вкупниот број на делегати, што е една добра слика за партијата и што покжаува дека партијата има силен капацитет и силна кондиција за брза консолидација. СДСМ никогаш не треба да се потцени, истакна Трајчулески.
Тој додаде дека партијата избра нов ЦО, нов НО и нова заменик претседателка на СДСМ, а тоа е г-ѓа Фани Каранфилова Пановска, чиј избор е додадена вредност на партијата, со што СДСМ може да го прошири делокругот на дејствување во однос на други поединци, други субјекти, невладини организации, со сите со кои споделува исти или слични вредности.
Тој нагласи дека СДСМ е голема партија и кога губи и кога добива и не постои политичка сила што може да го победи консолидиран и обединет СДСМ и тоа се докажало.
Следи состанок на Ценралниот одбор на кој треба да се избере раководството. Тоа се потпретседателите, генералниот секретар, двајца организациски секретари, секртар за меѓународна соработка и нов ИО.
Кадрвоската понуда, која ќе биде дадена од СДСМ ќе содржи и нови лица и сериозен капацитет и ќе биде стожерна основа за она што следи понатаму, заедно со главниот концепт, а тоа е платформата со основите на социјалдемократијата, да се консолидираме, многу брзо и да се вратиме на победничките патеки, порача пратеникот на СДСМ Митко Трајчулески, во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24.
26.11.2024 - 10:07
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа