Арсовска: Најавата за набавка на 120 електрични автобуси е задоцнета - да гласаше Советот досега ќе имавме 150

 

Иако ја поздрави, градоначалничката на Град Скопје, набавката на меѓу 100 и 120 електрични автобуси ја оцени за задоцнета.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека Советот на Градот досега имал можност да изгласа набавка на 250 автобуси, како што беше ветено во нејзината предизборна програма. Доколку тоа се случело, според Арсовска, досега ќе имало 150 автобуси.

-Јас оваа најава која што ја слушнав од медиумите доколку е вистина можам само да ја поздравам. Да кажам дека е задоцнета затоа што владата имаше мнозинство во Советот на град Скопје и веќе трета година по ред можеше да донесе иста или слична одлука без разлика дали се работи за задолжување или, пак, дали се работи за средства коишто градот Скопје ги има од сопствен капацитет и кои што можел да ги покрие. Во секој случај, она кое што беше понудено пред советниците е да има една транспарентна постапка во која што сите политички чинители ќе може да учествуваат како би немало никакво сомнение со она што ќе се набави затоа што сметаме дека е за доброто на сите скопјани. Доколку еве сега конечно има таква најава сметам дека секако е добро ова кое што сега се случува иако за три години можевме да имаме секоја година по 50 нови автобуси, тоа се веќе 150 автобуси коишто ги немаме, а севкупно требаше да бидат 250 како ветување на сегашниот премиер којшто го имаше дадено заедно со мене. Сепак да му оставиме време и да видиме дали тоа што го имаат сега и ќе го реализираат, рече Арсовска.

26.11.2024 - 12:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега