Притворениот срспки министер кој штрајкуваше со глад префрлен во болница

 

Поранешниот српски министер за градежништво и транспорт Горан Весиќ кој започна штрајк со глад во притвор е префрлен во болница поради влошено здравје. Управникот на затворот во Нови Сад и адвокатот на Весиќ го известиле судијата по што Весиќ бил итно префрлен во Заводот за кардиоваскуларни Болести на Војводина во Сремска Каменица.

Весиќ даде оставка од функцијата министер неколку дена по трагедијата со уривањето на бетонската натстрешница на Железничката станица во Нови Сад во к0ја загинаа 15 лица и двајца беа тешко повредени.

Подоцна, Весиќ беше меѓу 12 приведени лица во истрагата. Му беше одреден 30-дневен притвор заедно со осум од приведените.

Тој го започна штрајкот на 22 ноември велејќи дека ќе докаже дека не сноси никаква кривична одговорност за трагедијата и дека не бил уапсен туку сам им се предал на органите на власта.

26.11.2024 - 10:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега