Шокантни тврдења: Израел планира напад врз Турција

 


Јигит Булут, советник на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, изјави дека според неговите информации, Израел планира напад врз џамијата Ал-Акса и други свети места, а потоа и врз Турција.

Во изјава за турските медиуми, Булут предупреди дека оваа ситуација е слична на онаа пред 100 години кога западните сили, со поддршка на Грција, ја нападнале Турција. Тој ги повика Турците да бидат свесни за заканата и да се подготват.

Булут исто така го истакна значењето на членството на Турција во БРИКС, кое го оцени како клучен момент во историјата на земјата.

25.09.2024 - 15:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега