Отворен ден за кумановчани во Центарот за вработување

Агенцијата за вработување на Македонија, денеска во Куманово на отворениот ден во Центарот за вработување, ја промовираше новата веб страница на која на едно место се опфатени и понудата и побарувачката за работна сила.

- Веб сајтот помага во директно поврзување на понудата и на побарувачката на работна сила. Сите огласи се објавени на овој веб портал, а за кратко време ќе бидат објавени и огласите од приватните агенции за посредување и приватна агенција за привремени вработувања, со нив имаме состанок неделава, на кој ќе се договараме за начинот на објавување, бидејќи тие имаат добра количина на огласи кои може да бидат објавени, рече директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски.

Пред присутните баратели на работа и работодавачи,Поповски објасни дека порталот им нуди можност 24 часа да пребаруваат за понудата и побарувачката на работа по одредени класификации како што се Центри за вработување, занимање.  Од огласите 85 проценти се реални, рече на средбата Поповски на прашањата на барателите на работа.

Директорот на Агенцијата на денешната средба информира дека бројката на апликациите кога работодавач е приватниот сектор е незанемарлива во однос на бројката на апликации за јавна или државна администрација.

Пред барателите, Поповски појасни дека во Македонија има недостиг од висококвалификувана работна сила.

Тој најави дека се размислува и за нова мерка која ќе биде наменета за млади невработени на кои им недостига работно искуство која ќе се работи во координација со работодвачите и образовните институции.

23.12.2013 - 16:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега