Филипче: Со нашата мерка 585 милиони евра директно во џебот на граѓаните

 

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вчера го посети Кочани каде зборуваше за мерките кои СДСМ ги предлага за подобрување на животниот стандард. Тој истакна дека партијата има конкретен предлог за зголемување на платите во приватниот сектор, без тоа да претставува дополнителен финансиски товар за работодавачите.

„Даваме предлог да се зголеми платата во приватниот сектор, а притоа придонесите да се замрзнат за да тоа не биде терет на приватните работодавачи. И тоа се некаде 400.000 луѓе кои што треба да имаат зголемување според нашите пресметки помеѓу 3.000 и 15.000 денари. И ако земеме просек 7.500 денари зголемување на плата, вкупно тие 400.000 вработени во приватниот сектор годишно ќе добијат 585 милиони евра. 585 милиони евра директно во џебот на вработените годишно.“

Претседателот Филипче истакна дека оваа мерка е од корист не само за работниците, туку и за државата.

„Каков ќар ќе има државата со оглед на тоа дека придонесите ќе бидат замрзнати? 10% од данокот на приход ќе донесе 58,5 милиони евра во буџетот. Ем луѓето повеќе приходи, ем нема да биде терет на работодавачи, ем ќар од тој дел на данокот за државата.“

СДСМ останува посветен на политики кои го подобруваат животниот стандард, ги поддржуваат граѓаните и ја зајакнуваат економијата, без дополнителен товар врз приватниот сектор.

04.03.2025 - 09:49

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега