Дедото на исчезнатата Дуња откри детали - Биле на погреб кога исчезнала
Српските медиуми утрово пренесоа радосна вест дека исчезнатото две годишно девојче за кое беше активиран системот „Пронајди ме“, Дуња Марковиќ, е пронајдено.
Дедото на малата Дуња за српските медиуми кажа дека е прв пат да се случи вакво нешто во семејството.
- Благодарен сум што детето е најдено. Ова ми е најголема среќа. Мајката беше со мене на погреб, бабата ја чуваше, а и таткото беше дома. Мајката ми кажа дека Дуња ја нема кога се вративме од погреб, не можам уште да си дојдам на себе, вели Живослав Ранковиќ.
Се чуди како дете од две години отишло километар од дома. Открива дека родителите со детето отишле во болница во Ваљево.
Српски Телеграф пишува дека куче за спасување на планинската служба утрово ја пронашло двегодишната Дуња Марковиќ, која била премрзната, но во добра состојба. Детето цела ноќ поминало надвор, настинало, но е во добра здравствена состојба.
Девојчето исчезна во текот на вчерашниот ден околу 14 часот, пред зградата во која живее во градот Уб во западна Србија, на улица 8. Март бр.6.
Дуња има кафена коса, кафени очи и е висока околу 100 сантиметри, кога исчезнала носела сива тренерка и дуксер.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа