Циклонот Борис однесе 15 животи во Централна и Источна Европа - 12.000 евакуирани
Бројот на жртвите од поплавите во Централна и Источна Европа што ги донесе циклонот Борис се искачи на 15, а тоа е најлошата поплава во последните две децении на подрачјето од Австрија до Романија.
Во Чешка повеќе од 12.000 луѓе се евакуирани, а четвртина од домаќинствата останале без електрична енергија, јавува „Ројтерс“.
Поплавите од минатиот викенд во Романија однесоа шест животи, а во Австрија загинаа еден пожарникар и двајца мажи на возраст од 70 и 80 години.
16.09.2024 - 14:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа