Се породи Едина Муса: Таа и Мачка станаа родители на Максим
Екс- кошаркарската двојка и тазе брачни сопружници, Едина Муса и Александар Димитровски Мачка го дочекаа најубавиот заеднички ден – станаа родители за првпат на нивното прво заедничко дете.
Мама Едина до пред породувањето беше активна на Инстаграм, постирајќи објави дека наскоро ќе прави се’ она од тренинзите како и порано, што на некој начин беше најава дека породувањто е пред неа.
Таа и бебето се добри, а Едина успеа дури да објави дека синчето Максим веќе ја здогледа светлината на денот.
Изминатите девет месеци Едина Муса беше ултра активна трудница во теретана, па токму поради таквата интензивна активност претходно, претпоставуваме дека породувањето поминало полесно.
Инаку, за Александар Мачка ова е трето дете, од бракот со пејачката Тамара Тодевска ги има ќерката Хана и синот Дарен.
Честитки, нека е здрав и жив!
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа