Концерт во МОБ по повод маестро Рамадан Шукри

Со голем концерт на мандолинскиот оркестар „Скопје“ утревечер во Македонската опера и балет ќе бидат одбележени 40 години уметничка дејност на маестро Рамадан Шукри.

На програмата се композиции од Шостакович, Вивалди, Моцарт, Бах, Глук, Шуплевски, Мандонико, Бизе,  Верди... Како гости ќе настапат белградскиот мецосопран Јадранка Јовановиќ, сопраните Славица Петровска-Галиќ, Весна Гиновска, Серафина Фантаузо, тенорот Маријан Николовски. Ќе настапат и Јасминка Чакар на пијано, Лазар Сандев и Стела Гоцевска на мандолина.

Рамадан Шукри е роден во Ресен. Своето музичко образование го почнал во Битола и го оформил во Скопје на отсекот за контрабас на Високата музичка школа, сега ФМУ, кај професорот Томислав Трпковски. Шеснаесет години работел во ОУ „11 Октомври“ во Скопје со школскиот мандолински оркестар, со кој има освоено повеќе награди и признанија на општинските, градските и републичките натпреаври.

Во 1981 година го основал Мандолинскиот оркестар при МКЦ, каде работи до 2001 година. Во 2001 година, на предлог на Град Скопје, заедно со Ерхан Шукри го основаат сегашниот мандолински оркестар „Скопје“, со кого работи и освојува награди. Досега има едуцирано илјадници ученици и членови-мандолинци.

23.12.2013 - 13:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега