СДСМ: Балансерот останува на сила, потона уште едно ветување на Мицкоски
Министерот за јавна администрација кој доаѓа од партијата ЗНАМ призна дека балансерот останува на сила. Иако пред само две недели сосема друго зборуваше, велат од СДСМ.
„Со ова принзнание потона уште едно ветување на Христијан Мицкоски.
Наместо укинување на балансерот како што ветуваше ДПМНЕ сега имаме надграден и проширен балансер за чија примена ќе биде надлежно Собранието а ќе го раководи ДУИ.
За многу кратко време време власта на ДПМНЕ си ги погази сите дадени ветувања пред граѓаните. А ЗНАМ се покажа дека не е никаков фактор во Владата, неми посматрачи и извршители на желбите на Мицкоски“, стои во соопштението на СДСМ.
10.09.2024 - 13:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа