1.000 евра е потребно за да се „истурка“ месецот
Сојузот на синдикати на Македонија денеска ја објави висината на синдикалната потрошувачка кошничка.
Минималните месечни трошоци на едно семејство во август во споредба со јули се зголемиле за 629 денари, а според пресметките на ССМ, во август вредноста на минималната кошница изнесувала 61.199 денари.
Во периодот од јануари до август, минималната кошница е зголемена за 4.036 денари, а од кога се пресметува по новата методологија, односно од декември лани до август годинава за 4.677 денари.
– Податоците од Синдикалната минимална кошница покажуваат дека и без зголемување на платите, трошоците за живот вртоглаво растат, нема оправдување за тоа, а истото никој не се обидува да го спречи, а ги прави граѓаните, работниците и пензионерите уште посиромашни, велат од ССМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа