ДУИ: Путинистот Стоилковиќ од моноетничката влада го намали буџетот за одбележувањето на Охридскиот договор

 
Путинистот Стоилковиќ од моноетничката влада го намали буџетот за одбележувањето на Охридскиот договор, велат од ДУИ.
 
„Демократската унија за интеграција смета дека е навредлив фактот што потврдениот путинист, непризнавачот на независноста на Република Косово, Иван Стоилковиќ, е вицепремиер и министер одговорен за Охридскиот договор, иако тој самиот ниту го признава ниту го почитува.
 
 Како последица на тоа, буџетот за потпишување на Охридскиот договор е намален со одлука на моноетничката влада и амин на рако-бакнувачитр вазали кои ги окупираа државните институции без легитимитет на албанскиот гласач, но со предпочитање на ВМРО ДПМНЕ, како во времето на монизмот и Милошевиќ. 
 
 Демократската унија за интеграција не може да стои со скрстени раце кога секојдневно се понижуваат Албанците и другите и кога се поништува секое достигнување во насока на еднаквоста. 
 
 Затоа, го ангажиравме авторот на Охридскиот договор Пол Вилијамс и неговиот тим во ПИЛПГ да изготват правна платформа за легитимност, при што првиот нацрт е веќе поднесен и ќе биде разгледан во рамките на Европскиот фронт, а потоа и јавно со академскиот свет, невладините организации, медиумите, граѓаните.
 
 Централното одбележување на потпишувањето на Охридскиот договор се одржува утре, вторник, 13.08.2024 година, со почеток во 12:00 часот во хотелот Александар Палас во Скопје“, стои во соопштението на ДУИ.
12.08.2024 - 11:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега