Уапсени 2.500 лица во мега операција на Интерпол - меѓу приведените и Македонци

 


Уапсени 2.500 лица во мега операција на Интерпол, поврзани со мафијата и организираниот криминал.


Операцијата „Либерта II“ била спроведена во 116 земји и територии, во периодот од 29 септември до 4 октомври, а финализирана на 5 ноември, вклучувајќи ја Албанија и Северна Македонија, објави Ора њуз.

Оваа операција на Интерпол е преземена во рамки на акцијата за борба против трговијата со луѓе.

-Интерпол успеа да спаси 3.222 потенцијални жртви, меѓу кои малолетници принудени да работат на фарми во Аргентина, мигранти во ноќни клубови во Албанија и во Македонија, питачи во Ирак, домашни работници на Блискиот Исток, додава телевизијата.

Операцијата овозможи да се откријат онлајн центрите за измами кои ги експлоатираат жртвите на трговија со луѓе. Поточно на Филипините, полицијата упадна во магацин каде што повеќе од 250 луѓе, главно Кинези, биле вклучени во измама.

06.11.2024 - 20:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега