Кривична пријава за даночно затајување: Струмичани го оштетиле Буџетот на државата со 12 500 евра
СВР Струмица поднесе кривична пријава против правен субјект од Струмица и Ј.В.(64) од Струмица, управител во правниот субјект, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.
Пријавеното правно лице, како даночен обврзник и второпријавената како управител, во текот на 2020 не платиле данок на додадена вредност во вкупен износ од 446.666 денари и данок на личен доход во вкупен износ од 325.336 денари, со што го оштетиле Буџетот на Република Северна Македонија со вкупен износ од 772.002 денари.
06.11.2024 - 17:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа