Чешка ќе и се одмазди на Албанија со вето во ЕУ

Чешкиот премиер во оставка Јиржи Руснок изјави дека бил подготвен да стави вето за кандидатскиот статус на Албанија во Европската унија поради одземањето на лиценцата на чешката енергетска компанија ЧЕЗ во Албанија.

„На албанскиот премиер Еди Рама јасно му реков дека доколку не видиме реални чекори кои ќе покажуваат дека Албанија го признава својот долг и доколку се обиде да го заобиколи тоа, тогаш слободно ќе го блокирам нејзиниот кандидатски статус“, изјави Руснок пред чешките пратеници пред вчерашниот Самиот на Европската унија во Брисел кога требаше да се гласа за приближувањето на Албанија кон ЕУ.

На крајот, одлуката на ЕУ беше одложена за во јуни,а Руснок, верува дека ЧЕЗ ќе го добие спорот во меѓународната арбитража против Тирана, кој настана со одземањето на лиценцата за работа на чешкиот енергетски гигант во јануари

Според него, Чешка не може да смета на отштета од албанска страна, но е уверен дека спорот му нанесе штета на угледот на Албанија пред инвеститорите. 

20.12.2013 - 16:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега