Лога: Правдата ќе Ве стигне, каде и да сте
Експресно се огласија од Министерството за правда со соопштение до медиумите, по официјалната потврда од Министерството за внатрешни работи дека првоосомничениот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо е спроведен во затворот Шутка. Во соопштението, министерот оценува дека екстрадицијата се завршила во релативно брз период од пет месеци.
„МП и м инистерот Кренар Лога изразуваат голема благодарност до турските власти, особено до министерот за правда на Република Турција , Јилмаз Тунч за нивната брза реакција и преземањето на сите мерки за екстрадиција на Љупчо Палевски.
Целата постапка се спроведе во релативно краток период за неполни пет месеци.
Ова е добар знак за општеството и порака дека правдата ќе ве стигне , каде и да сте!“, стои во соопштението на МП испратено до медиумите.
За потсетување, Палевски во 19.30 часот слета на скопскиот аеродром, по што беше спроведен во истражниот затвор во Шутка, каде му е одреден 30-дневен притвор во отсуство.
15.05.2024 - 21:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа