Излезеност до 11 часот: Во Неготино гласале 19 отсто од избирачите

 

Во Неготино до 11 часот гласале 19 отсто од избирачите, на гласање излегле 3.007 лица со право на избор, информираше Елизабета Камчева, претседателка на Општинската изборна комисија.

Утринава таа соопшти дека сите избирачки места се навремено отворени, успешно стартуваше изборниот процес за претседателските избори.

Камчева потсети дека во текот на вчерашниот ден, беа пријавени и имаа можност да гласаат, согласно на законот, вкупно 142 болни и немоќни лица, како и осум лица од Неготино, сместени во старечки домови надвор од територијата на општината.

– Покрај тоа, на овие избори имавме пријавено и гласање од затвор од страна на 22 лица, а на три од странство, потсети таа.

Камчева додаде дека во избирачкиот список за општина Неготино, се запишани вкупно 15.840 избирачи со право на глас.

24.04.2024 - 11:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега