Костадиновска-Стојчевска: Нема жртви, нема повредени, објектот е осигуран, Скопје ќе добие нова Универзална

 


Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, по пожарот што денеска избувна во Универзална сала, изјави дека денешниот инцидент нема да нѐ премисли да се откажеме, она што е сигурно е дека Скопје ќе има нова Универзална сала.

„Ова е голем шок за скопјани, но и за сите македонски граѓани. Веднаш интервенирале пожарникарите и како што може да се види, пожарот е ставен под контрола“, изјави Костадиновска-Стојчевска, нагласувајќи дека е најважно што нема жртви и нема повредени.

Костадиновска-Стојчевска, по информациите дека изгорел внатрешниот дел од салата, изрази очекување многу брзо да бидат достапни првични информации во врска со утврдување на причините за пожарот, обемот на штетата и евентуалната одговорност.

 

„Апелирам до институциите за брзо постапување, да се утврдат фактите колку што е можно поскоро“, изјави министерката за култура, која потврди дека надворешната челична конструкција е противпожарно заштитена, а салата е осигурана.

09.04.2024 - 11:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега