Србија и Хрватска го повлекуваат од пазарот овој лек за деца кој е омилен кај македонските родители

 

Сандоз д.о.о. и Хрватската агенција за лекови и медицински средства Халмед минатата недела објавија дека серијата лекови fluimukan junior 20 mg/ml, за орална употреба, се повлекува од пазарот поради сомневање за загадување на течноста со честички од амбалажата. Серијата лекови е превентивно повлечена од Србија.

Лекот е присутен под друго име и бренд и се нарекува ACC Kids 20mg/ml 100 ml.. Иако кај овој производ не е детектирана контаминација , како претпазливост, компанијата превентивно ја повлече серијата лекови.

Споменатиот лек наречен Fluimukan Junior 20 mg/ml не е регистриран во Србија. Присутен е под друго име и се нарекува ACC Kids 20mg/ml 100 ml. Бидејќи пациентите се наш приоритет во се што правиме, ние работиме тесно со релевантните власти за да бидеме сигурни дека нашите лекови се во согласност со регулаторните барања и највисоките стандарди за квалитет.
Како одговорна компанија, Сандоз веднаш започна превентивно доброволно повлекување на лекот со горенаведените контакт пакувања (затворања) на сите пазари. Во таа врска, аптеките и веледрогериите веќе ја прекинаа понатамошната дистрибуција на овие серии на производи.", велат од компанијата за српските медиуми

Во Македонија нема информации дали постои серија на овој лек која што е контаминирана. Инаку лекот АCC Kids е прилично популарен и кај родителите во земјава.


03.04.2024 - 09:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа