Во 2013 година 211 новинари завршиле во затвор

 

Со 40 новинари кои завршиле во затвор Турција веќе втора година по ред, води на светската листа на Комитетот за заштита на новинарите.

Оваа бројка  е помала во однос на минатата  кога беа затворени 232 новинара, но сепак останува на историски високо ниво, се наведува во извештајот.

 Најголем дел од 211 затворени новинари во 2013 се во Турција, Иран и Кина, а потоа следат, Еритреја, Виетнам, Сирија, Азербејџан, Етиопија, Египет и Узбекистан. На листата се најде и Македонија со еден затворен новинар.

18.12.2013 - 15:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа